ФЕЈК ПЕРФОРМАНСИТЕ НЕ СЕ АКТ ОД РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА, ТУКУ СЕ ПРИВАТНИ РАБОТИ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ФЕЈК ПЕРФОРМАНСИТЕ НЕ СЕ АКТ ОД РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА, ТУКУ СЕ ПРИВАТНИ РАБОТИ, РЕЧЕ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев со амбасадорот на Руската федерација Сергеј Баздникин на отворање на нова бензинска пумпа на „Лукоил“ во населбата Сингелиќ.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Ние сме пријатели со Русија и против нивното противење да станеме членка на НАТО, рече денеска премиерот Зоран Заев кој заедно со амбасадорот на Руската федерација Сергеј Баздникин беа отворање на нова бензинска пумпа на „Лукоил“ во населбата Сингелиќ.

    Заев кажа дека после разговорот со руските комичари денеска ќе има средба во Владата со амбасадорот Баздникин, која била закажана уште пред 10 дена.

    „Овие фејк перформанси се приватни работи, не се акт од Руската федерација и соработката меѓу нашите земји. Русија се противи на нашето членство во НАТО, не ради нас, туку поради нивниот став против проширување на Унијата. Принципиелен е нивниот став, јас го разбирам, но ние сме пријатели и со оние земји кои не се за членство во НАТО“, рече премиерот Зоран Заев.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари