ФОКУС НА ПРЕГОВОРИТЕ ВО ПРЖИНО СЕ 200.000 СПОРНИ ГЛАСАЧИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ФОКУС НА ПРЕГОВОРИТЕ ВО ПРЖИНО СЕ 200.000 СПОРНИ ГЛАСАЧИ

    Никола Тодоров Од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шеќеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, во присуство на амбасадорите на ЕУ Аиво Орав и на САД Џес Бејли попладнево ги продолжија преговорите во резиденцијата на ЕУ амбасадорот во Пржино. Како што дознаваме од партиски избори, фокусот е ставен на чистењето на Избирачкиот список од околу 200.000 спорни гласачи.

    Она што го потврдуваат двете страни, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, е дека е шпекулација воведувањето на специјално одделение во МВР, за истрагите во врска со криминалот од бомбите на опозицијата.

    И министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска изјави дека евентуалното формирање специјално одделение во Министерството за внатрешни работи за потребите на Специјалното јавно обвинителство е нелогично решение. Според него, актуелниот Закон за кривична постапка овозможува кое било обвинителство да побара и да му бидат ставени на располагање онолку претставници на МВР колку што му се потребни.

    До почетоткот на денешната средба, потврдија двете страни, немало готови предлози ни за измена на Изборниот законик во делот на однесувањето на медиумите 100 дена пред предвремените парламентарни избори.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари