ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СДСМ МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ ВО ПРВИОТ РЕД НА ПРОМОЦИЈАТА НА ДАНЕЛА ЗА ЛИДЕРКА НА НОВА АЛТЕРНАТИВА

    ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СДСМ МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ ВО ПРВИОТ РЕД НА ПРОМОЦИЈАТА НА ДАНЕЛА ЗА ЛИДЕРКА НА НОВА АЛТЕРНАТИВАНа партиската конвенција во Скопје на која беше избрана новата лидерка, во првиот ред до Зечевиќ седеа портпаролката на Град Скопје Кристина Депо, блискиот соработник на Арсовска Драги Митковски, и синот и сопругот на Арсовска. (Фото: К. Попов)

    Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, вечерва седеше во првиот ред на промоцијата на скопската градоначалничка Данела Арсовска за нова лидерка на партијата Нова алтернатива. Оваа партија, чиј досегашен лидер беше хирургот д-р Ѓорѓи Оровчанец, беше дел од коалицијата на СДСМ „Можеме“ на парламентарните избори во 2020 и на уште три претходни и избори.

    На партиската конвенција во Скопје на која беше избрана новата лидерка, во првиот ред до Зечевиќ седеа портпаролката на Град Скопје Кристина Депо, блискиот соработник на Арсовска Драги Митковски, кој порано беше близок соработник на екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ и избеган премиер Никола Груевски, како и синот и сопругот на Арсовска.

    Со оглед дека Арсовска сега стана лидерка на Нова алтернатива, не успеал планот за собирање 1.000 потписи за формирање на новата партија Правда. (Фото: К. Попов)

    Данела Арсовска на локалните избори во 2021 година беше кандидатка за градоначалник поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и го победи кандидатот на СДСМ Петре Шилегов.

    Нова алтернатива беше дел од коалицијата на СДСМ „Можеме“ на парламентарните избори во 2020 и на уште три претходни и избори. (Фото: К. Попов)

    Арсовска во телевизиско интервју на 5 јануари соопшти дека се подготвува да формира политичка партија, но не одговори директно дали оваа партија ќе учествува на претстојните парламентарни избори на 8 мај годинава. Претходно, медиуми блиски до Арсовска објавија дека таа и Митковски собираат потписи за да ја формираат партијата Правда. Но, со оглед дека сега таа стана лидерка на Нова алтернатива, планот за собирање 1.000 потписи не успеал.

    Оровчанец, кој си дал неотповиклива оставка од лидерската функција, ја формираше Нова алтернатива во 2007, додека беше член на ВМРО-НП и пратеник во Собранието. На парламентарните избори во 2008, Нова Алтернатива беше дел од коалицијата на чело со СДСМ и доби пратеничко место. Оттогаш Нова алтернатива е во коалиција со СДСМ и на изборите во 2014, 2016 и 2020.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира