Во технолошката индустриска развојна зона (ТИРЗ) во Тетово, германска компанија ќе произведува електрична кола, откако Владата денеска одобри давање државна помош. „Е-го“ ќе биде привот електричен и првиот автомобил целосно призведен во Македонија.
„Мултимилионската инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово ќе отвори 3-4.000 нови работни места. Придобивките од оваа инвестиција се многукратни – од отворање на нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, до договори и дополнителна работа за локални компании“, соопшти Владата.
Вицепремиерот Артан Груби на Фејсбук објави дека в сабота ќе се постави камен-темелник за фабриката, инвестицијата е во износ од 130 милиони евраи со неа отворат 900 нови работни места.
Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека фабриката што ќе се гради во ТИРЗ Тетово е можност Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија.
Според вебсајтот на компанијата, таа е независен германски производител на иновативни електрични возила и производствени решенија.