ГИ МАСКИРАВ СЕЛА ВО ПОЛИЦАЕЦ, А ШЕКЕРИНСКА ВО ДОКТОРКА И ГИ ТОВАРИВ ВО БРЗАТА ПОМОШ, СВЕДОЧЕШЕ ЕКСМИНИСТЕРОТ ТОДОРОВ НА СУДЕЊЕТО ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО

    ГИ МАСКИРАВ СЕЛА ВО ПОЛИЦАЕЦ, А ШЕКЕРИНСКА ВО ДОКТОРКА И ГИ ТОВАРИВ ВО БРЗАТА ПОМОШ, СВЕДОЧЕШЕ ЕКСМИНИСТЕРОТ ТОДОРОВ НА СУДЕЊЕТО ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО„Ми се јави Радмила Шекеринска, ми кажа дека се во прес-салата, беше во паника, ми кажа дека еден човек е најверојатно мртов. Тогаш ѝ се јавив на Тања Баевска, директорката на Здравствениот дом Скопје, да прати екипи на прва помош“, сведочеше Тодоров на судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 (Фото: К. Попов)

    Ексминистерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска сведочи на судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, рече дека во три обиди не успеал да ја пробие толпата пред прес-салата при  нападот. Тој рече дека толпата не го пуштила да влезе ни со четворица лекари што ги викнал од Брзата помош, за да влезат внатре на местото каде што крвареа повредените пратеници од СДСМ.

    Тој и лекарите првата средба со нив ја имале дури во канцеларијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, кој цело време беше со нив додека ги повредуваа и не ги остави до последен момент, додека и последниот пратеник од СДСМ и ДУИ не ги качи во полициски хермелини.

    „По седницата на која беше избран претседател на Собранието надвор од стандардната процедура, кога влезе толпата што протестираше, ми се јави Радмила Шеќеринска. Ми кажа дека се во прес-салата, беше во паника. Ми кажа дека еден човек е најверојатно мртов. Тогаш ѝ се јавив на Тања Баевска, директорката на Здравствениот дом Скопје, да прати екипи на прва помош“, сведочеше Тодоров, на судењето на 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

    Тој рече дека на крајот го нашол и тешкоповредениот Зијадин Села. Ги маскирал него во полицаец со значка, а Шеќеринска во докторка со бел мантил, маска капа и торба, ги товарил во амбулантно возило и ги однел во Клиничкиот центар.

    Денеска треба да сведочат и Зоран Заев, Оливер Спасовски и Весел Мемеди.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари