ГРАЃАНИ ВО ДЕБАР СИ СЕ ШЕТААТ ОКОЛУ ЕЗЕРОТО, ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ КАЗНУВА АКО НЕ СЕДИТЕ ДОМА, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДУКА

    ГРАЃАНИ ВО ДЕБАР СИ СЕ ШЕТААТ ОКОЛУ ЕЗЕРОТО, ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ КАЗНУВА АКО НЕ СЕДИТЕ ДОМА, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДУКАОд петокот забранет и влез и излез од општините Дебар и Центар Жупа.(Фото: ДЗС)

    Градоначалникот на Општина Дебар Хекуран Дука денеска апелираше до сите жители да не излегуваат од своите домови со цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот. Тој кажа дека граѓаните не ги почитуваат мерките на Владата, излегуваат на прошетки заедно со нивните деца и најави дека полицијата ќе почне да казнува.

    „Апелирам граѓаните да не излегуваат надвор, бидете стрпливи и седите дома. Ако не седите ќе се инфицирате вие, вашите блиски, но и многу други луѓе. Убаво е времето и нормално ви се јавува потреба да шетате но немојте. Гледам вчера дека многу граѓани се шетаа околу езерото, децата ги носат да играат на игралиштето. Тоа е недозволиво и затоа ќе се санкционира од органите“, рече градоначалникот Дика.

    Градоначалникот побара граѓаните да се грижат за хигиената во градот, ѓубрето да го фрлаат во кеси и да не одлaгаат кабаст отпад. Денеска во сите домаќинства бесплатно ќе бидат поделени кеси за собирање на сметот од домаќинствата.

    А. АНТЕВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира