ГРУЕВСКИ БАРА СЈО ЗА ИЗБОРИТЕ И АМНЕСТИЈА ЗА 27 АПРИЛ

    ГРУЕВСКИ БАРА СЈО ЗА ИЗБОРИТЕ И АМНЕСТИЈА ЗА 27 АПРИЛ„Итно да се ослободат лицата и да се прекинат постапките за сите обвинети и осомничени за настаните од 27 април“, рече Груевски на прес конференцијата по изборите. (Фото:Г.Трпеноски)

    Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, еден час по завршување на вториот круг од локалните избори кажа дека не ги признава изборите и дека никогаш нема да ги смета за фер и демократски. Тој обвини дека изборниот ден помина со заплашување, уцени, поткуп, и бугарски воз.

    „Дел од гласовите кои ВМРО-ДПМНЕ не ги доби гласовите кои на претходните избори ги доби, е поради тоа што веруваа дека лица од врвот на партијата направиле грешки и беа разочарани. Во наредниот период ќе направиме длабинска анализа или да се исправат тие грешки, ако биле грешки. Или ако не биле грешки, а така биле разбрани да се објасни. По изборите ќе имаме длабинска анализа за изборниот резултат, ќе ја оцениме одговорноста“, рече Груевски.

    Груевски кажа дека во Македонија овој пат изборите биле мафијашки, и побара предвремени парламентарни избори, спроведени од техничка влада во согласност со Пржинскиот договор и оставка од претседателот на ДИК, Александар Чичаковски и директорот на Агенција за аудио, аудиовизулени и медиумски услуги.

    „Да се отвори итна истрага и вештачење на уредите за прислушување во УБК, бидејќи се сомневаме дека се прислушуваат најмалку 100 лица од ВМРО ДПМНЕ. Итно да заврши судењето на Зоран Заев, каде е обвинет за поткуп, да се основа специјално јавно обвинителство, кое ќе има ингеренции за расчитување на изборните нерегуларности во 2016 и 2017 поради злоупотреба на целиот државен апарат. Итно да се ослободат лицата и да се прекинат постапките за сите обвинети и осомничени за настаните од 27 април“, рече Груевски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира