ГРУЕВСКИ ГИ ИЗБЕГНА НОВИНАРИТЕ ПО СРЕДБАТА СО АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР РАМА, МУ ЗАБЕЛЕЖАЛ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА

    ГРУЕВСКИ ГИ ИЗБЕГНА НОВИНАРИТЕ ПО СРЕДБАТА СО АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР РАМА, МУ ЗАБЕЛЕЖАЛ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМАЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ НИжиколаГруевски не даде изјава што разговарал со албанскиот премиер Рама и избега од новинарите (Фото: Г. Трпеноски)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги избегна новинарите после средбата со албанскиот премиер Еди Рама денеска во Скопје.

    Груевски не даде изјава што разговарале со албанскиот премиер, туку преку партијата со соопштение  објави дека Груевски на  Рама му пренел дека ВМРО-ДПМНЕ е за отворена соработка со Албанија.

    „Во таа насока не помагаат различните документи како што е Тиранската платформа која, како по формата во која беше промовирана, така и во својата суштина нема да допринесе за развивање на пријателство базирано на искрени основи меѓу двете држави, и може да има негативен ефект во однос на меѓусебниот соживот во Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Пред Рама да се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, албанскиот премиер се сретна со лидерите на партиите на Албанците во Македонија.

    Лидерите на ДУИ Али Ахмети и на Алијанста за Албанците Зијадин Села дадоа различни изјави за тоа што разговарале со албанскиот премиер.

    Зијадин Села рече дека со албанскиот премиер разговарале за проблемот со Грција за името, а пак Али Ахмети рече дека со премиерот Рама фокусот на разговорот бил влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ, соработката меѓу двете земји и актуелната политичка ситуација.

    Албанскиот премиер Еди Рама, кој присуствуваше на бизнис САМИТ100 на земјите од Југоисточна Европа, што денес и вчера се одржа во Скопје, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека неговата посета на Македонија нема врска со локалните избори што се оддржуваат тука.

    „Овде не сум за да ви го објаснувам Уставот на Албанија, туку овде сум дојден да поддржам една иницијатива за здружување на бизнис заедниците од балканските земји. Никој не ни брани да зборуваме албански, како сега јас и вие што зборуваме албански, а на англиски зборував, бидејќи повеќето учесници овде на самитот повеќе го зборуваат тој јазик. Моето доаѓање нема врска со изборите што се оддржуваат тука. На локалните избори тука гласаат граѓаните на Македонија. Албанија и јас немаме никаква работа со изборите, на нив гласаат граѓаните на оваа пријателска земја“, рече Рама.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира