ХОЛАНДИЈА ЈА САКА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО, ОСТАНУВА ГРАЃАНИТЕ ДА ОДЛУЧАТ, Ѝ НАПИША МИНИСТЕРКА БАЈЛЕВЕЛД СХАУТЕН НА ШЕКЕРИНСКА

    ХОЛАНДИЈА ЈА САКА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО, ОСТАНУВА ГРАЃАНИТЕ ДА ОДЛУЧАТ, Ѝ НАПИША МИНИСТЕРКА БАЈЛЕВЕЛД СХАУТЕН НА ШЕКЕРИНСКАВладата на Република Македонија вложи огромни напори во иницирањето на неопходните реформи. Сега останува на народот на Република Македонија да одлучи, на реферндумот во септември, дали го поддржуваат Договорот и членството во НАТО“, стои во писмото од Бајлевелд Схаутен до Шекеринска.(Фото: СДК.МК)

    Холандија ја поддржа одлуката за Република Македонија на Самитот на НАТО, сега е на граѓаните да одлучат на референдум, дали го поддржуваат Договорот со Грција и членството во НАТО, ѝ напиша холандската министерка за одбрана на Анк Бајлевелд Схаутен на министерката Радмила Шекеринска.

    Во писмото со кое холандската министерка за одбрана Бајлевелд Схаутен ѝ одговора на министерката Шекеринска, која од своите колеги од земјите членки на НАТО пред Самитот во Брисел побара поддршка за НАТО поканата за Македонија, како што информираат од Министерството за одбрана бил поздравен прогресот што Македонија го постигна изминатата година и постигнатиот Договор со Грција.

    „Холандија ја поддржува политиката на НАТО на отворени врати, која се покажа како важен инструмент во промоцијата на демократските вредности и стабилноста во регионот. Владата на Република Македонија вложи огромни напори во иницирањето на неопходните реформи. Сега останува на народот на Република Македонија да одлучи, на реферндумот во септември, дали го поддржува Договорот и членството во НАТО“, стои во писмото од Бајлевелд Схаутен.

    Како што информираат од Министерството за одбрана холандската министерка ѝ напишала на Шекеринска дека од клучно значење е Македонија да остане на реформскиот пат, да продолжи со реформите околу владеењето на правото, медиумските слободи и правата на малцинствата  и изразила подготвеност Холандија да помогне во напорите за нивното спроведување.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира