„Хорхе ти си срам за Македонија“ е пораката на централниот транспарент со кој шарените револуционери го почнаа денешниот протест. Тие тргнаа кон Собранието од чија фасада денес цел ден се чистеше бојата што беше фрлена на досегашните протести. Опремени со боја, свирчиња и труби антивладините демонстранти цел час се собираа пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
„Селективна правда е неправда. Чекорејќи по улиците се наметнавме како учесник во решавањето на кризата. Дел од барањата парцијално се остварени, но останува уште доста до остварување на сите барања. Го допревме моментот на сега или никогаш. Остануваме на улица до целосно разрешување на кризата, ќе останеме и при градењето на новите демократски вредности. Се гледаме на улица. Секој ден во 6“, стои на Фејсбук страната на „Протестирам“.