И ДЕНЕСКА ЗАКАНИ ЗА БОМБИ ВО СКОПСКИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА

    И ДЕНЕСКА ЗАКАНИ ЗА БОМБИ ВО СКОПСКИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТАЗаканите за поставени бомби минатите две недели се испраќаа попладне, кога се одржуваше втора смена. Сега се испраќаат наутро кога истите ученици од втора и четврта година се прва смена.(Фото: К.Попов)

    Повторно се испратени закани за поставена бомба во дел од скопските средни училишта. Утрово околу 9.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронските адреси на две средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Oколу 10 часот е добиена иста пријава од уште две средни училишта.

    Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите четири училишта. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Заканите за поставени бомби минатите две недели се испраќаа попладне, кога се одржуваше втора смена. Сега се испраќаат наутро кога истите ученици од втора и четврта година се прва смена.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира