И ДИРЕКТОРОТ НА ТИРЗ ДЕСПОТОВСКИ ПОДНЕСЕ КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ, 4 КАНДИДАТИ ВО ТРКА ЗА НОВ ЛИДЕР

    И ДИРЕКТОРОТ НА ТИРЗ ДЕСПОТОВСКИ ПОДНЕСЕ КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ, 4 КАНДИДАТИ ВО ТРКА ЗА НОВ ЛИДЕРДеспотовски последен поднесе кандидатура за внатрепартиските избори на 12 декември. (Фото: Фејсбук)

    Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски е четвртиот кандидат кој поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Денеска во 16 часот истече рокот за поднесување кандидатури до партиската iзборна комисија за внатрепартиските избори кои ќе се одржат на 12 декември.

    Претходно кандидатури поднесоа заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, поранешната потпретседателка на партијата Фросина Ременски и Властимир Алексовски кој е член на општинската организација Куманово.

    Изборот на нов лидер на СДСМ следува откако Зоран Заев по поразот на локалните избори поднесе оставка. Toj најави дека по изборот на нов лидер на партијата ќе се повлече и од премиерксата функција, а новиот претседател на СДСМ треба да биде мандатар и премиер во новата Влада.

    Согласно Статутот, СДСМ го избира претседателот на партијата на непосредни, внатрепартиски избори. Постапката за кандидирање почна на 27 ноември и траеше седум дена. Право на кандидатура имаа сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно Статутот на СДСМ. Според него за претседател на СДСМ може да се кандидира лице кое има најмалку пет години членство во партијата и кое најмалку еднаш било избранo од Конгресот за член на некој од партиските органи. Изборите на локално ниво ќе ги спроведат 80 општински изборни комисии и одбори на избирачки места.

    А. АНТЕВСКА

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира