И СО ВИСТИНСКИ КУРШУМИ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЈА УБИЕТЕ РЕВОЛУЦИЈАТА, ПОРАЧАА ШАРЕНИТЕ

    И СО ВИСТИНСКИ КУРШУМИ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЈА УБИЕТЕ РЕВОЛУЦИЈАТА, ПОРАЧАА ШАРЕНИТЕ

    Антивладините демонстранти пред Собрание во хор пееја „Затвор не ти бега Никола“, слоган со кој го завршија вечерашниот протест.

    „Соборци, се гледаме во понеделик“, порачаа организаторите на демонстрантите кои вечерва беа најмалубројни.

    Традиционално и вечерва пред пред Собранието се слушаа бомби со изборни нерегуларности, по што следуваше говор од органзиторите.

    „Власта 10 години владее со примена на девизата ’раздели па владеј’. Не подлија Македонци со Македонци, Македонци со Албанци, патриоти и предавници. Ги слушнавме изјавите на Жугиќ за гумените куршуми и изјавите на новинарот Бобан Нонковиќ кој бара вистински куршуми за демонстрантите. Па не им се плашиме. И со вистински куршуми не можат да ја убијат идејата за Шарена револуција. Не има многу шарени, различни, но сите сме еднакви“, рече еден од вечерашните говорници.

     

    Демонстрантите и вечерва, на пат кон Собрание, фрлаа боја на Министерството за правда Фото: СДК.МК

    Демонстрантите и вечерва, на пат кон Собрание, фрлаа боја на Министерството за правда Фото: СДК.МК

    На пат кон Собрание револуционерите и вечерва го обоија Министерството за правда. Извикуваа „Правда за сите“, „Нема правда нема мир“,  фрлија неколку балони со боја и продолжија кон Собрание.

    Протестот во Скопје почна со два земјотреси. Едниот во од 4,8 степаени беше во 18.33, часот, а другиот во 18.41 беше со јачина од 4,9 степени по Рихтер. Според глобалната мапа на земјотреси во светот, епицентарот бил во Вранешница, но го почуваствуаа и скопјани, посебно оние во висококатниците.

    Барањето за итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни е веќе исполнето, но останаа барањето за итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира