ЈАС ЌЕ БИДАМ ПРЕМИЕР, А ДУИ СО ВАКВО УСЛОВУВАЊЕ НЕМА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД НОВАТА ВЛАДА, МУ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА АХМЕТИ

    ЈАС ЌЕ БИДАМ ПРЕМИЕР, А ДУИ СО ВАКВО УСЛОВУВАЊЕ НЕМА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД НОВАТА ВЛАДА, МУ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА АХМЕТИАли Ахмети денеска на прославата на 18-годишнината од формирање на ДУИ кажа дека дошло време премиер во земјава да биде етнички Албанец. (Фото: СДК.МК)

    Ако СДСМ победи на парламентарните избори, јас ќе бидам премиер, му одговори претседателот на СДСМ Зоран Заев на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Ахмети денеска, на прославата на 18-годишнината од формирање на партијата, кажа дека дошло време премиер во земјава да биде етнички Албанец.

    По оваа изјава на Ахмети, Заев на својот фејсбук профил напиша дека ако ДУИ поставува вакви услови за коалиција, тогаш нема да биде дел од идната Влада.

    „Во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник. Според Уставот, пратениците во Собранието се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат. Точно е дека граѓаните во нашето општество сѐ повеќе ги надминуваат етничките бариери, но поважно од тоа е дека при изборот тие се водат, пред сѐ, од квалитетите на кандидатот и посебно од неговиот однос кон граѓаните, од неговата општествена посветеност за добробит на сите граѓани и државата, како и личниот пример што како впечаток кандидатот го остава пред граѓаните“, напиша Заев на Фејсбук.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира