КАМБОВСКИ ГО ПОВИКА ВЕЉАНОСКИ: ПРЕКИНИ ГО ОДМОРОТ, СВИКАЈ ИТНА СЕДНИЦА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:599:"АкадемикКамбовскипредлаганасобранискатаседницазапоплавитедаседонесезаконзазабрананаситенестопанскиинвестиции,освенониекоисеодважностзабезбедностанадржавата,инивнопренасочувањезапотребитенаилјадницитеграѓаникоипретрпеастравотнаматеријалнаштета,изгубијанајблиски,гиизгубијадомовите";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАМБОВСКИ ГО ПОВИКА ВЕЉАНОСКИ: ПРЕКИНИ ГО ОДМОРОТ, СВИКАЈ ИТНА СЕДНИЦА

    Академик Владо Камбовски го повика спикерот на Собранието Трајко Вељаноски итно да свика седница по катастрофалната поплава во Скопје и скопските населби и села со 22 жртви. Тој предлага на собраниската седница за поплавите да се донесе закон за забрана на сите нестопански инвестиции, освен оние кои се од важност за безбедноста на државата, и нивно пренасочување за потребите на илјадниците граѓани кои претрпеа стравотна материјална штета, изгубија најблиски, ги изгубија домовите.

    “Еве шанса Собранието да смогне сили да стави крај на нерационалните трошења на Владата. Седница мора да има. Ова не е појава која се случила еднаш во илјада години. Ако се случила еднаш, ќе се случи пак“,изјави Камбовски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    „Каде е реакцијата на Собранието, 22 граѓани загинаа во катаклизмата со поплавите, а претседателот Трајко Вељаноски и пратениците не свикаа седница. Вељаноски итно, треба сам да свика вонредна собраниска седница на која ќе се побара извештај од Владата што прави со денови, зошто е збркана, како се справува со последиците од поплавите, зошто луѓето од поплавените подрачја се оставени сами на себе“,вели Камбовски.

    Деновиве на поплавените места, освен ретки исклучоци, пратениците воопшто ги немаше на терен. Вељаноски досега не се појави ниеднаш.

    Камбовски смета дека тие итно треба да се вратат од плажа, бидејќи се народни избраници и работат во институција која треба да врши политичка контрола на Владата.

    “Јас не знам каква е оваа збрканост на премиерот, министрите, на сите надлежни институции. Се чудат странскиве претседатели. Прва вест сме во странските медиуми. Ова не личи на организирана држава. Луѓето, настраданите, оставени се сами на себе“, реагира тој.

    Не е првпат академик Камбовски да го вика Вељаноски од шетање, продолжена официјална посета или од плажа. Тој во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК на 15 мај годинава го викна Вељаноски итно да се врати од Рим, порачувајќи му дека државата му е пред распад. Камбовски апелираше до собранискиот спикер да ја повлече одлуката за распишување на предвремени избори на петти јуни, во околности кога поради немање услови за фер избори, кандидатски листи за пратеници поднесе само партијата на Вељаноски ВМРО-ДПМНЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари