КАТИЦА ЈАНЕВА ЌЕ ЧЕКА ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА ДЕКА ГРУЕВСКИ ИЗБЕГА ЗА ЕВЕНТУАЛНО ДА БАРА ПРИТВОР ЗА ДРУГИТЕ ОБВИНЕТИ ОД СЈО

    КАТИЦА ЈАНЕВА ЌЕ ЧЕКА ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА ДЕКА ГРУЕВСКИ ИЗБЕГА ЗА ЕВЕНТУАЛНО ДА БАРА ПРИТВОР ЗА ДРУГИТЕ ОБВИНЕТИ ОД СЈОНа прашањето дали специјалната обвинителка Катица Јанева ќе побара притвор за останатите високопрофилни обвинети функционери во нејзинети случаи, со оглед на тоа што досега веќе 4 четворица имаат избегано од земјава, од СЈО кусо одговорија: „Откако од надлежните институции ќе биде официјално потврдена веста дека Груевски побарал азил во Унгарија, тогаш за секоја одлука што ќе ја донесе специјалната обвинителка Катица Јанева јавноста ќе биде навреме известена“ (Фото: СДК.МК)

    Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе чека официјална потврда на веста дека избеганиот осуденик пратеникот и експремиер Никола Груевски побарал политички азил во Унгарија, за да одлучи дали и за другите обвинети чии процеси се во тек ќе бара притвор. Груевски, осден на 2 години затвор во случајот „Тенк“ на СЈО,  претпладнево напиша на Фејсбук дека се наоѓа во Будимпешта и побарал политички азил од унгарските власти.

    На прашањето дали специјалната обвинителка Катица Јанева ќе побара притвор за останатите високопрофилни обвинети функционери во нејзинети случаи, со оглед на тоа што досега веќе 4 четворица  имаат избегано од земјава, од СЈО кусо одговорија:

    „Откако од надлежните институции ќе биде официјално потврдена веста дека Груевски побарал азил во Унгарија, тогаш за секоја одлука што ќе ја донесе специјалната обвинителка Катица Јанева јавноста ќе биде навреме известена“.

    Груевски на Фејсбук страната на која и порано се има јавувано со лични статуси напиша: „Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“.

    Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека работи на верификација на информацијата дека Груевски е во Унгарија.

    „Во врска со наводната информација објавена на фејсбук профилот на г-динот Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата. Веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана“, соопшти МНР.

    Полицијата од синоќа не може да го лоцира Груевски да го спроведе во затворот во Шутка на издржување на казната. Претходно, судски доставувач четири дена не можеше да го најде да му го врачи решението веднаш да се упати во затвор.

    Ако официјално се потврди дека  Груевски избега во Унгарија, ова ќе биде четвртиот бегалец обвинет во случаите на СЈО. Сѐ уште во бегство се Горан Грујевски и Никола Бошкоски, главните обвинети за масовното прислушување и за уништување на опремата на МВР со која нелегално се прислушувало со години. И обвинетиот Сеад Кочан избега и се врати кога Врховниот суд му го укина притворот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира