КОЈ БУДАЛА ПОКРАЈ ТОЛКУ СПЕЦИЈАЛНИ ЕДИНИЦИ ЌЕ НАЈМИ 47-ГОДИШЕН ВЕТЕРИНАР ДА ГО УБИЕ ЗАЕВ, РЕЧЕ ИГОР ЈУГ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    КОЈ БУДАЛА ПОКРАЈ ТОЛКУ СПЕЦИЈАЛНИ ЕДИНИЦИ ЌЕ НАЈМИ 47-ГОДИШЕН ВЕТЕРИНАР ДА ГО УБИЕ ЗАЕВ, РЕЧЕ ИГОР ЈУГ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ„Јас не сум премногу интелигентен, но добро знам дека врати на законодавен дом не можат насилно да се отворат, тие се безбедносно заштитени, па и да сум супер херој нема да можам тоа да го сторам“, рече Југ во воведните зборови.(Фото: СДК.МК)

    Ако сум имал задача да го убијам Зоран Заев како што се вели во обвинението, тоа ме прави платен убиец. Кој будала покрај толку специјални единици, млади од 20 до 30 години, ќе најми 47-годишен ветеринарен техничар, со дијабетeис и притисок 200 со 100 да убие премиер, рече обвинетиот Игор Југ во воведните зборови во судскиот процес за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието на 27 април лани.

    На почетокот на судењето, во средата на 22 август, образложувајќи го обвинението, обвинителката Вилма Русковска во воведното обраќање кажа дека Игор Југ имал задача да го ликвидира Зоран Зоран, кој тогаш беше пратеник од парламентарното мнозинство.

    „Ако сум платен убиец кој треба да изврши убиство, зоште влегувам на предната врата, кога луѓе влегувале од споредните влезови? Како ќе бидам сконцентриран прецизно да го извршам убиството кога се туркам со луѓе и лутам еден час додека дојдам до прес-центарот. Така уморен јас вратата нема да ја погодам, а не па човек. Ако сум платен убиец зар ќе влезам без маска, по маица со кратки ракави, без ракавици. Јас сум маркантен човек и лесно влегувам во кадарот на собаниските камери. Која земја би ме заштитила како убиец на премиер?“, рече Југ кој е еден од 33 обвинети.

    Тој кажа дека не ја бутнал оградата оти кога тргнал накај Собранието таа веќе била бутната, не се обидел да ги отвори собраниските врати оти тие веќе биле отворени ниту пак ја насочувал топлата каде да се движи. Тоа не можел да го стори оти прв пат и последен пат на 27 април бил во Собранието и не знаел кои простории каде се наоѓаат.

    „Јас не сум премногу интелигентен, но добро знам дека врати на законодавен дом не можат насилно да се отворат, тие се безбедносно заштитени, па и да сум супер херој нема да можам тоа да го сторам“, рече Југ.

    По воведните зборови на Игор Југ преостанатите обвинети рекоа дека остануваат на она што го кажале нивните адвокати и нема да земат збор.

    Судењето кое траеше од 10 до 18.40 часот заврши и ќе продолжи в понеделник со изјаснување на обвинетите, по што треба да следи доказната постапка.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира