КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ БИЛ НА ВЛАДИНАТА СЕДНИЦА И ЗАТОА НЕМА КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ ВО ОДЛУКАТА СОПРУГАТА ДА ДОБИ ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ ПО 70 ДЕНАРИ ЗА КВАДРАТ

    КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ БИЛ НА ВЛАДИНАТА СЕДНИЦА И ЗАТОА НЕМА КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ ВО ОДЛУКАТА СОПРУГАТА ДА ДОБИ ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ ПО 70 ДЕНАРИ ЗА КВАДРАТ„Јас имам свој удел и во друга компанија и не одлучувам за точки по неа, но и таа како и секоја компанија има право да учествува во правниот промет на државата“, рече Ковачевски.(Фото: Влада на РСМ)

    Премиерот Димитар Ковачевски смета дека нема никаков конфликт на интереси во тоа што компанијата каде сопственички удел има неговата сопруга Елена Ковачевска ќе си дооформи градежна парцела во Радовиш, со државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен. Одлука за продажба на државно земјиште на компанијата „Сол Груп 5“ по пат на непосредна спогодба за дооформување на градежна парцела е донесена на владина седница, ја потпиша вицепремиерот Артан Груби, стапи на сила на 21 март и треба да ја спроведе Општината Радовиш.

    Ковачевски на настанот за промоција на првиот дигитален асистент во јавниот сектор, беше прашан од новинарите како е можно сопругата на премиерот на владина седница да си добива државно земјиште по 70 денари квадрат? Премиерот одговори дека нема ништо спорно во постапката, бидејќи тој не бил на таа седница и ценовникот по кој се распродава државно земјиште бил донесен од ВМРО-ДПМНЕ уште во 2013 година.

    Јас имам испратено известување го генералниот секретар на Влада и вицепремиерот за добро владеење, на која ги информирам дека доколку на владина седница се дискутира или се одлучува за точки поврзани со правните субјети наведени во мојот ажуриран анкетен лист, моето учество треба да се изземе од присуство и одлучување. Јас не присуствував на седницата, туку ја водеше вицепремиерот и тој ја потпиша точката. Уредбата за цените за земјиштето е донесена во 2013 година од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, оваа Влада не носела одлуки за цени. Вие ако погледнете, јас имам свој удел и во друга компанија и не одлучувам за точки по неа, но и таа како и секоја компанија има право да учествува во правниот промет на државата“, рече Ковачевски.

    Државната парцела која што е предмет на оваа владина одлука е со површина од 1.119 метри квадратни, што значи дека „Сол Груп 5“ ќе треба да плати 1.273 евра. Компанијата во Радовиш ќе гради фотоволтаична централа.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира