КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УШТЕ ПЕТМИНА ТЕПАЧИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ВО НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО

    КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УШТЕ ПЕТМИНА ТЕПАЧИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ВО НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТОЛидерот на СДСМ Зоран Заев беше меѓу пратениците повредени од толпата што непречено од полциијата влезе во Собранието во организираноот напад на 27 април (Фото: СДК.МК)

    МВР поднесе кривични пријави за уште петмина ученици во организираниот напад на Собранието на 27 април, од кои тројца ги нападнале пратениците на СДСМ и другите пратеници во собранискиот прес центар. Едниот му се заканувал на лидерот на СДСМ Зоран Заев, еден со лакт ја удрил пратеничката Радмила Шеќеринска, a еден со тупаници го нападнал пратеникот на ДУИ Артан Груби.

    МВР соопшти дека во пријавата ги осомничи дека извршиле кривично дело “Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, а поднесена е врз основа на предгледани видео записи добиени од медиумски куќи, како и видео записи од безбедносните камери во Собранието.

    „Кривично пријавени се Д.П. (33) од Скопје, Т.Т. (53) од Куманово, В.Т. (40) од Скопје, И.С. (44) од Велес и В.Ц. (33) од Скопје, кои со употреба на физичка сила, насилно влегле во Собранието во време кога се одржувала прес конферецијата за избор на претседател на Собрание при што со употреба на физичка сила и закани сториле насилства спрема луѓе и оштетиле имот. Имено, откако пријавените влегле во салата 3 во Собранието на Република Македонија, И.С. со фантомка на главата упатувал закани и пцовки кон присутните со што кај нив предизвикал страв и загрозеност, по што ја извадил фантомката и не преземал други дејствија, Т.Т. со тупаници ги нападнал пратениците и фрлал со тврди предмети кон нив и нивното обезбедување, В.Т. со лакт ја удрил пратеничката Р. Ш. во пределот на грбот, а со ПП апарат прскал дел од пратениците кои биле во близина на лифтовите. Пријавениот В.Ц. кон претседателот на СДСМ упатувал пцовки и закани, притоа употребувајќи разни заканувачки гестикулации, а Д.П. со тупаница го нападнал пратеникот А.Г., а навредувал и други пратеници и присутни“, соопшти МВР и додава дека во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности за идентификување и документирање и на други лица учесници во нападот на Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира