КРВ НА ЛИЦАТА НА ГРУЕВСКИ И НА ЈАНКУЛОСКА ПРЕД ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КРВ НА ЛИЦАТА НА ГРУЕВСКИ И НА ЈАНКУЛОСКА ПРЕД ВЛАДА

    Пред Влада демонстрантите вечерва поставија големи портрети од поранешниот премиер Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и им ги посипаа лицата со црвена боја како симбол на проеланата крв на убиениот Мартин Нешковски. Меѓу портретите демонстантите го поставија транспарентот на кој пишува „Рацете ви се извалкани со крв“. Влада и вечерва е последната дестинација на демностантите од Шарената револуција.

    Протестот почна пред СЈО. На чело на колоната беше Александар Нешковски, братот на Мартин Нешковски оти шарените револуционери одлучија оваа вечер да ја посветат на потсетување на власта за убиството на Мартин Нешковски.  Мото на вечерашниот протест е „Крвта не е боја, бојата се пере“ оти  денес се одбележува точно една година откако јавноста во бомбите ја слушна вистината за убиството на Мартин Нешковски и приближно пет години од убиството. Од пред Специјалното јавно бвинителство демонстрантите со голем транспарент на кој пишува „Пробавте да сокриете убиство“ тргнаа кон Собранието, а потоа се преселија на Плоштад Македонија. Тука со црвена боја демонстрантите испишаа „убијци“ оти токму на овој Плоштадот беше убиен Мартин Нешковски. Оставаија траги кои ја симболизираат крвта на Нешковки, а околу фонтаната на новите мермерни плочки со барокни шари, се ипишаа пораки со кои се бара првда за Мартин и слобода за сите.

    Меѓу демонстрантите и вечерва е поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере. Тој вчера се приклучи на Шарената револуција и рече дека ги поддржува луѓето кои достоинствено протестираат против кршењето на владеењето на правото и повредата на човековите права, кои се случуваат во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари