ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАА ВО СРБИЈА СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ЌЕ СЕ РЕВАКЦИНИРААТ ВО ЗЕМЈАВА ОД НАШИТЕ КОЛИЧИНИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАА ВО СРБИЈА СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ЌЕ СЕ РЕВАКЦИНИРААТ ВО ЗЕМЈАВА ОД НАШИТЕ КОЛИЧИНИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕВо земјава останува одлуката со „АстраЗенека“ да се вакцинираат лица над 60 години. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Македонските граѓани над 60 години кои се вакцинираа против ковид-19 со „АстраЗенека“ во Србија, ревакцината ќе ја примат во земјава од македонските количини, кажа денеска министерот за здравсто Венко Филипче. Лицата под 60 години кои примија „АстраЗенека“ ќе мора пак да патуваат во Србија, со оглед на тоа дека во земјава не е дозволено помлади од 60 години да ја примат оваа доза.

    Иако беше најавено дека дозите за ревакцина ќе стигнат од Србија, министерот кажа дека по разговорот со српскиот министер за здравство Златибор Кончар, утврдиле дека Србија нема начин да ги извезе.

    „Денеска ќе биде активиран веб сајт revakcinacija.mk, каде ќе се пријавуваат граѓаните за ревакцинација и согласно пријавите,  ќе го направиме планот. Ковид сертификатите кои се издаваат во Србија и кои ги добиваат македонските граѓани се сосема валидни за преминување на границите“, рече Филипче.

    Македонските власти сѐ уште ги немаат добиено списоците од Србија кои граѓани се вакцинирани. Филипче кажа дека оние граѓани под 60 години кои ќе се ревакцинираат во Србија, треба да се пријават кај матичните лекари, и тие податоците ќе бидат заведени во фајлот на граѓанинот.

    За дигиталната пропусница која беше најавена дека ќе биде готова за оваа недела, Филипче рече дека сѐ уште се финализираат уште некои технички податоци, и дека нема да избрзуваат, ќе ја претстават кога ќе биде готова.

    Во однос на вакцинацијата, министерот кажа дека изминатиов период е намалено темпото, со оглед на тоа дека е намалена количината на вакцини во земјава, но дека е голема бројката на граѓани кои се ревакцинираат.

    Се очекуваат 20 илјади вакцини донација од Грција и 50 илјади од Бугарија, додека за руската количина на „спутник“ сѐ уште нема никакви најави.

     

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира