МЕНЕ МЕ ПРАШУВАТЕ ЗА ВАНЧО МИХАЈЛОВ, А ВО БЕЛАТА ПАЛАТА ВИ СТОЈАТ НЕГОВИ СЛИКИ, ГРУЕВСКИ ОТВОРАШЕ МУЗЕИ СО НЕГОВИ ФИГУРИ, Ѝ РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ НА МИЗРАХИ

    МЕНЕ МЕ ПРАШУВАТЕ ЗА ВАНЧО МИХАЈЛОВ, А ВО БЕЛАТА ПАЛАТА ВИ СТОЈАТ НЕГОВИ СЛИКИ, ГРУЕВСКИ ОТВОРАШЕ МУЗЕИ СО НЕГОВИ ФИГУРИ, Ѝ РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ НА МИЗРАХИВМРО-ДПМНЕ го слави Ванчо Михајлов, а не јас и СДСМ, рече Ковачевски. (Фото: СДК.МК)

    Вашата партија ВМРО-ДПМНЕ го слави Ванчо Михајлов, погледајте ги сликите од него кои ви стојат во белата палата, ѝ одговори премиерот Димитар Ковачевски на пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, која го праша за отворањето на бугарскиот истоимен клуб во Битола. Мизрахи на денешната седница за пратенички прашања рече дека отворањето на клубот било понижувачко и дека на него присуствувал цел државен врв на Бугарија кој го негира нашиот идентитет, а Владата не прави ништо и нема никаков одговор на ваквите провокации.

    Премиерот Ковачевски од говорницата одговори дека за него лицето Ванчо Михајлов е поврзано со директна соработка со фашистички и нацистички режим, тој е крајно негативен лик кој направил огромна штета на македонскиот народ, човек кој учествувал во ликвидација и ништење на македонски револуционери и соучесник во режимот кој ги депоратирал македонските Евреи во логорите на смртта.

    Како се чувствувам за отворањето на клубот со негово име – ни малку добро. Мојот став за негативниот лик и дело на Вачно Михајлов е ист, не е променет и кога неговата фигура беше поставена во музејот во Ново Село, Штип, со говор на вашиот почесен претседател Никола Груевски. Ист е и кога неговата фигура беше поставена во Музејот во Скопје како дел од криминалниот проект на Груевски и вашата партија „Скопје 2014“. Не знам дали само го имате на сликите во вашате бела палата, тоа само вие го знаете. Но знам дека токму ВМРО-ДПМНЕ од своите почетоци е наследник на Ванчо Михајлов, а тоа е срамно и недозволиво. Исто како што и ваши членови беа на отворањето на клубот во Битола. Срамно е што во вашиот статут и грб се повикувате на континуитетот на Тодор Александров и Протогеров за кого редовно пеете песни. Имено, нивниот ученик Ванчо Михајлов ги организираше нивните ликвидации, како што сложно тројцата претходно учествувале во ликвидација на левичарски револуционери. И сега вие мене ме прашувате за Ванчо Михајлов, па свртете се околу вас во вашиот бел дворец, видете ги сликите. Прашајте ги вашите ветерани и тие ќе ви кажат дека тие го слават Ванчо Михајлов, а не јас ниту СДСМ, ниту најголем дел од нашите граѓани“, рече премиерот Ковачевски.

    Ковачевски кажа дека не е точно оти ништо не е преземно за отворањето на клубот. Дадени се насоки до надлежните ресори да се провери зошто нема законска регулатива со која ќе се забрани користење на вакви имиња.

    Исто така, ќе го информирам премиерот Петков дека имаме намера да отвориме нов културен клуб на Македонија во Бугарија, овојпат во Благоевград, а името ќе го договориме со нашиот Институт за историја“, додаде Ковачевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира