МЕРКО ДО УТРЕ ИМА РОК ДА ДОСТАВИ СПИСОК НА ДИВОГРАДБИ ВО СТРУГА, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ АДЕМИ

    МЕРКО ДО УТРЕ ИМА РОК ДА ДОСТАВИ СПИСОК НА ДИВОГРАДБИ ВО СТРУГА, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ АДЕМИАна Петровска од Министерството за животна средина и просторно планирање, министрите Насер Нуредини, Едмонд Адеми и Хусни Исмаили на денешната јавна расправа за Нацрт-планот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот Регион во Клубот на пратеници во Скопје (Фото: К. Попов)

    Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко до утре има рок да го достави инвентарот на дивоградби во градот, рече денес министерот без ресор одговорен за дијаспора Едмонд Адеми, кој е претседател на Националната комисија за УНЕСКО, на првата јавна расправа во Клубот на пратеници во Скопје за Нацрт-планот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот Регион.

    Втората и третата јавната расправа за Нацрт-планот, кои ги организраат Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство ќе продолжат утре во Охрид во 12 часот, и во Струга во 15:30 часот, по денешната прва јавна дискусија во Клубот на пратеници во Скопје.

    На новинарско прашање како е изготвен планот без податоците за Струга и зошто го толерираат Мерко, Адеми рече:

    „Ова е драфт-план, не е финален, и е отворен за коментари, дополнувања и евентуални измени. Факт е дека дел од инвентарот за Струга фали, но минатата недела со градоначалникот на Струга се договоривме до утре да го достави тој инвентар на дивоградби и се надевам дека јавноста на утрешната расправа ќе има прилика да види што е доставено. Не се работи за толеранција, се разбира сите инстутции кои се задолжени треба да ги исполнат своите обврски. Знаете дека локалната самоуправа е независна власт и не постојат механизми со кои ние со сила ќе му го земеме она што треба да се даде. Ова не е прашање само на Влдатата, туку е од национален интерес и сметаме дека секој кој кој има обврски треба да ги исплони на ниво на задачата“.

    Ана Петровска од МЖСПП кажа дека плажите се дефинирани како посебна заштитна зона и бидејќи навлегуваат во катарската парцела на Охридското Езеро, добиле посебен третман и ќе се работат со посебно урбанистичко-планска документација откако ќе се изработи еден план од државно значење кој ќе го вклучи целото крајбрежје, со цел да се спречи понатамошна крајбрежна трансформација.

    „Во делот на плажите изработивме сет на мерки со кои ќе се овзоможи да се зачува природното и културното наследство. Во акцискиот план ние се обидовме да направиме разграничување помеѓу краткоточните и долгорочните мерки. 2020 е крајниот рок. За многу мерки кои имаат покомплексен каракатер, таму се роковите ставени многу слободно. Според нашите сознанија овие рокови се релани, но ако постои силен притисок и аргументација зошто тие рокови треба да бидат намалени, секако ќе ги преземеме  сите неопходни ресурси тоа да го направиме“, кажа Петровскa.

    Адеми кажа дека планираат до 22 ноември да ги соберат сите заклучоци од расправите, и до крајот на годината Владата да го донесе Планот.

    Б. НЕСТОРОСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира