МЕТА, РАДЕВ, ТАЧИ И ВУЧИЌ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ПЕНДАРОВСКИ ВО СОБРАНИЕТО

    МЕТА, РАДЕВ, ТАЧИ И ВУЧИЌ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ПЕНДАРОВСКИ ВО СОБРАНИЕТОПретседателот на Албанија Илир Мета, претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Бугарија Румен Радев и претседателот на Косово Хашим Тачи на инаугурацијата на Стево Пендаровски (Фото: Ѓ. Личовски)

    На инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски во Собранието присуствуваа претседателите на Албанија Илир Мета, на Бугарија Румен Радев, на Косово Хашим Тачи и на Србија Александар Вучиќ, како и министрите за надворешни работи на Грција и на Црна Гора.

    Не беше присутен премиерот Зоран Заев, кој е на одмор и му се обрати на новиот претседател со видеопорака пред инаугурацијата.

    Пред обраќањето од собраниската говорница, Пендаровски даде свечена заклетва дека ќе ја извршува функцијата совесно и одговорно, дека ќе ги почитува Уставот и законите и ќе ги штити независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

    М. ИЛИОСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари