МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И КИРИЛ БОЖИНОВСКИ ВО ПРИТВОР, ПО БЕГСТВОТО НА НИВНИОТ ПОРАНЕШЕН ШЕФ ГРУЕВСКИ

    МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И КИРИЛ БОЖИНОВСКИ ВО ПРИТВОР, ПО БЕГСТВОТО НА НИВНИОТ ПОРАНЕШЕН ШЕФ  ГРУЕВСКИЈанакиески е обвинет во пет случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за кои судењата се во тек - (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од рано изутринава ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески и ексгенералнот секретар на влада и на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски се во притвoр, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од судски извори.

    Јанакиески е обвинет во пет случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за кои судењата се во тек. Се споменува во речиси сите истраги на СЈО.

    Кирил Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е обвинет во случајот со изборни нерегуларности „Титаник“.

    Судско рочиште за „Титаник“ е закажано за денеска во 9.30 часот.

    Како што дознаваме, не се работи за нова истрага на двете обвинителства, тука за обезбедување на мерка на присуство, по бегството на осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски во Унгарија каде бара политички азил.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира