МИЛЕ СЕ ВРАЌА ВО КУЌЕН ПРИТВОР, СПИРЕ ОСТАНУВА ВО ШУТКА, ОДЛУЧИ КРИВИЧНИОТ СУД

    МИЛЕ СЕ ВРАЌА ВО КУЌЕН ПРИТВОР, СПИРЕ ОСТАНУВА ВО ШУТКА, ОДЛУЧИ КРИВИЧНИОТ СУДКривичниот суд попладнево одлучил да ја прифати жалбата на Миле Јанакиески за мерката притвор што му беше определена на 20 февруари ноќта како осомничен во нова истрага против него, за организација на нападот на Собранието на 27 април 2017 (Фото: СДК.МК)

    Ексминистерот Миле Јанакиески, по само две ноќи поминати во затворот во Шутка, вечерва си оди дома. Кривичниот суд попладнево одлучил да ја прифати неговата жалба за мерката притвор што му беше определена на 20 февруари ноќта како осомничен во нова истрага против него, за организација на нападот на Собранието на 27 април 2017. Судот денеска на Јанакиески му ја преиначи мерката во куќен притвор.

    Жалбата на притворениот ексминистер Спире Ристовски Кривичниот совет ја одбил, тој останува во притвор.

    Од останатите осомничени Никола Груевски е во бегство, исто како и Никола Бошковски од УБК, а Владимир Атанасовски, ексдиректор во УБК, од поодамна е осомничен организатор и е во притвор во затворот во Шутка.

    За шестиот осомничен, пратеникот Трајко Вељаноски, утре ќе продолжи расправата на собраниската комисија која треба да одлучи дали ќе му го симне имунитетот, на барање од Судот, откако Обвинителството и за него побара притвор.

    Вчера Ристовски и Јанакиески беа дел од инцидент во затворот во кој обајцата биле нападнати. Случајот го испитуваат надлежната полициска станица и Народниот правобранител. По инцидентот директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски си даде оставка.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари