МИЦКОСКИ И ВУЧЕВИЌ СЕ ДОГОВОРИЈА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА ДА СЕ ПОВРЗАТ СО ГАСОВОД, НАФТОВОД И СО ВОЗ, НЕ КАЖАА КОЈА ГОДИНА

    МИЦКОСКИ И ВУЧЕВИЌ СЕ ДОГОВОРИЈА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА ДА СЕ ПОВРЗАТ СО ГАСОВОД, НАФТОВОД И СО ВОЗ, НЕ КАЖАА КОЈА ГОДИНАИнтерконекторот што ќе се гради во Македонија е уште еден крак за природен гас за Србија, ние нема да дозволиме да зависиме само од еден, кажа Вучевиќ. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерите на Македонија и на Србија Христијан Мицкоски и Милош Вучевиќ денеска во Скопје раговараа, како што кажаа и двајцата, за изградбата на интерконекторот за гас, кој во земјава сè уште е во тендерска постапка, а кој Србите го чекаат за да се поврзат и да набавуваат природен гас преку Грција.

    „До 2027 година верувам дека интерконекторот со Северна Македонија ќе биде изграден. Тоа е уште еден крак за природен гас за Република Србија. Не се откажуваме од ниеден од тие кракови, ние нема да дозволиме да зависиме само од еден довод на природен гас“, кажа Вучевиќ.

    Мицкоски во детали објасни за вкупното енергетско поврзување со Србија. Рече дека ние сме сега во фаза на завршување на тендерска постапка со којашто конечно ќе отпочне изградбата на интерконекторот со Грција, за да обезбедиме дополнителна опција за снабдување на гас на Централна Европа.

    „Во фаза сме да го пуштиме во употреба продуктоводот или во јавноста познат како нафтовод, кој ја поврзува нашата земја со нашиот јужен сосед. Цениме дека би било добра опција тој продуктовод или нафтовод да биде поврзан и со нашиот северен сосед и на тој начин да обезбедиме уште еден коридор“, кажа тој.

    Збореле и за изградба на брзата пруга којашто е дел од Коридорот 10, што е стратешки приоритет на Владата. Премиерите ги опфатиле оние теми кои што се важни, потпишаа и Меморандум за соработка во делот на енергетиката, рударството и минералните суровини.

    На новинарско прашање за Коридорот 8 и за изградбата на железниччката пруга кон Бугарија, Мицкоски кажа дека Владата останува и на тој приоритет, но дека во Брисел ќе се состанат и ќе разговараат на највисоко ниво, за да видат што планираат Бугарите, па да дејствуваат заеднички двете страни.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира