МИЗРАХИ НЕКА ЈА ЗАМЕНИ НЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ГЛАСАА ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО, МУ ПРЕДЛОЖИ СПАСОВСКИ НА МИЦКОСКИ

    МИЗРАХИ НЕКА ЈА ЗАМЕНИ НЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ГЛАСАА ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО, МУ ПРЕДЛОЖИ СПАСОВСКИ НА МИЦКОСКИСпасовски рече дека останува на предлогот Мизрахи да биде разрешена и дека компромиси за прекршување на Устав и Закон од министер кој дал свечена изјава пред Собрание, нема да прави. (Фото: Влада)

    Техничкиот премиер Оливер Спасовски очекува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да достави нов предлог за технички министер за труд и социјална политика. Спасовски денеска рече дека компромиси по ова прашање нема да прави, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го повлече предлог техничката министерка Рашела Мизрахи да биде разрешена од функцијата, откако ВМРО-ДПМНЕ најави можно напуштање на Собранието.

    „Јас можам да правам компромис за политички теми, ама да правам компромиси за прекршување на Устав и Закон од министер кој даде свечена изјава пред Собрание, тоа нема да се случи. Го дадов предлогот до Собрание, немам дадено ново решение, значи останува на опозицијата да даде нов предлог. Очекувам дека ќе бидат мудри и ќе дадат кандидат кој ќе го почитува Уставот и законите. Еве на пример еден од пратениците кои гласаа за Северна Македонија при ратификацијата на Протоколот за НАТО во Собранието пред два дена, нека биде предлог. Ова го кажувам како можно решение, инаку одлуката е нивна, кога сакаат нека предложат“, рече Спасовски на прес-конференција за доделување на ваучери на спортски клубови.

    Спасовски кажа дека очекува до распуштањето на Собранието Законот за јавно обвинителство да биде усвоен.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира