МНОГУ БЛИСКИ МИ ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, ЛИДЕРОТ НА ДУИ АЛИ АХМЕТИ СО ДРАМАТИЧЕН АПЕЛ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ НА ФЕЈСБУК

    МНОГУ БЛИСКИ МИ ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, ЛИДЕРОТ НА ДУИ АЛИ АХМЕТИ СО ДРАМАТИЧЕН АПЕЛ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ НА ФЕЈСБУКАхмети на својот официјален фејсбук профил напиша дека починала 33-годишна ќерка на негов пријател (Фото: К.Попов)

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска ги повика граѓаните масовно да се вакцинираат против ковид-19 бидејќи тоа е единствен начин за заштита од вирусот. Ахмети на својот официјален фејсбук профил напиша дека тој со семејството уште во мај се вакцинирале против ковид-19.

    „Секојдневно слушаме жални вести дека некој ја загубил битката со вирусот. Синоќа близок член на моето семејство почина од компликации на коронавирусот. Починаа и други мои блиски луѓе, меѓу кои и пријател и неговата 33-годишната ќерка.  Затоа апелирам на масовна вакцинација и почитување на мерките за заштита од вирусот, носење маска и одржување дистанца“, напиша Ахмети на Фејсбук.

    Досега во земјава вакцинирани се 712.339 граѓани, а две дози примиле 521,784 лица. Со најмал процент вакцинирани со една доза се Гостивар со едвај 26% и Дебар со 28% население над 18 години, а следат Тетово и Кичево со нешто над 30%.  Тетовo и Гостивар имаат и најмногу активни ковид болни после Скопје, а вкупно активни сличаи во земјава се над 14.000.

    Вакцинацијата се врши без закажување во вакциналните пунктови, а од минатата недела отворен е пунк и во малата сала во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира