МОРА НЕШТО ГОЛЕМО, МАКАР И НЕРЕАЛНО ДА ИМ ВЕТИМЕ НА СЕЉАЦИВЕ, СЕ СЛУША ОД РАЗГОВОРИТЕ СО ЈАНАКИЕСКИ ВО „ТИТАНИК“

    МОРА НЕШТО ГОЛЕМО, МАКАР И НЕРЕАЛНО ДА ИМ ВЕТИМЕ НА СЕЉАЦИВЕ, СЕ СЛУША ОД РАЗГОВОРИТЕ СО ЈАНАКИЕСКИ ВО „ТИТАНИК“„Мора нешто да улета големо, макар и нереално за сељациве. Брашно, производи, тоа обавезно. Не стоиме добро во струмичко“, го советува Миле Јанакиески соговорникот-аналитичар во бомбите за „Титаник“ што се слушаат денеска во Кривичниот суд (Фото: К. Попов)

    Во продолжение на слушањето на бомбите за случајот „Титаник“ на СЈО во Кривичниот суд, се слушна за серијата притисоци врз населението во Македонија, но и во дијаспората за да излезат на парламентарните избори на 5 јуни 2011 година и да гласаат за тогашната владејачка ВМРО- ДПМНЕ. Обвинетиот ексминистер за транспорт и врски Миле Јанакиески бара од советничката Ирена Мишева да им организира тура на амбасадорите да одат врата до врата да бараат гласови во странство.

    „После, нека ни ги дадат бројките, за да ги споредиме овде со нашите анализи за дијаспората“, нарачува Миле.

    Во друг разговор, наведува фирми преку кои ќе оди плаќањето за автобуски превоз во 4 европски држави на наши иселеници до гласачките места. Соговорник натаму бара од Јанакиески некое големо ветување, макар и нереално, како што се вели, „за сељациве на митинг“.

    „Мора нешто да улета големо, макар и нереално за сељациве. Брашно, производи, тоа обавезно. Не стоиме добро во струмичко“, го советува Миле соговорникот-аналитичар.

    Во „Титаник“ преку бомбите се откри дека на командирите во МВР партиски наредби може да им даде кој било од министрите. Така, Јанакиески на командирот на радовишката полиција Ѓорѓи му вели:

    „Ми посочија дека имате доста влијание во Конче. Имаме проблем таму со гласовите. Би ве замолил за тура од врата до врата“.

    „Во ред , поздрав“, послушно му одговара командирот Ѓорѓи на министерот за транспорт Јанакиески.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира