МУ АПЛАУДИРАМ НА ОТПОРОТ НА МАКЕДОНИЈА НА РУСКОТО МАЛИГНО ВЛИЈАНИЕ НА БАЛКАНОТ, РЕЧЕ МАТИС НА СРЕДБАТА СО ШЕКЕРИНСКА ВО ПЕНТАГОН

    МУ АПЛАУДИРАМ НА ОТПОРОТ НА МАКЕДОНИЈА НА РУСКОТО МАЛИГНО ВЛИЈАНИЕ НА БАЛКАНОТ, РЕЧЕ МАТИС НА СРЕДБАТА СО ШЕКЕРИНСКА ВО ПЕНТАГОНАмериканскиот секретар за одбрана Џејмс Матис со почесен кордон ја пречека министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во Пентагон (Фото: Министерство за одбрана)

    Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ја пофали Македонија за отпорот кон руското влијание на Балканот на денешната официјална средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска  во Пентагон.

    „Денешната безбедносна состојба бара дух на пријателство меѓу сите оние кои се залагаат за слобода, основни човекови права и владеење на правото. Морам да му аплаудирам на отпорот на Македонија на руското малигно влијание на Балканот и се радувам на вашето постојано лидерство за пример во овој регион. Протерувањето на рускиот дипломат по нападот со хемиско оружје во Салисбери покажува дека Македонија стои цврсто на страната на цивилизираните земји и меѓународното право“, рече Матис.

    Министерката Шекеринска се заблагодари за цврстата поддршка што Македонија ја добива од САД и потсети на силниот консензус во државата од нејзиното осамостојување, за членство во НАТО.

    „Дозволете ми да ве уверам дека Македонија е подготвена за членство во НАТО.  Ние брзо се опоравивме од долгата политичка криза и по еден силен реформски залет, на нас се гледа како на извор на надеж на Балканот. Дозволете ми да ја побарам вашата поддршка како стратешки партнер на нашето членство во НАТО. Поканата за Македонија во јули годинава ќе нè поддржи во нашата стратешка цел, ќе му помогне на регионот во градењето на долготрајна стабилност и ќе ги зголеми влијанието и подготвеноста на САД и НАТО“, рече Шекеринска.

    Матис рече дека САД ги  цени напорите на Македонија.

    „Тие ја афирмираат одлукатa на НАТО во Букурешт во 2008, Македонија да добие покана за членство веднаш штом ќе се постигне заеднички прифатливо решение на прашањето за името со Грција. Ја поздравуваме вашата работа со Грција на разрешувањето на ова прашање и се надевам дека наскоро ќе има резултати. Не сакаме да ве видиме запрени пред вратите на НАТО“, рече Матис.

    Ова е прва средба на министри за одбрана на Македонија и САД по 6 години, а се одржа на два месеци пред Самитот на НАТО во јули во Брисел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира