НА КОЧАНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЉУПЧО ПАПАЗОВ МУ СЕ СЛОШИ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА МИЦКОСКИ

    НА КОЧАНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЉУПЧО ПАПАЗОВ МУ СЕ СЛОШИ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА МИЦКОСКИДодека Мицкоски одговараше на новинарски прашања, Папазов (крајно десно со бела коса) во еден момент почна да паѓа при што му притрчаа на помош колегите околу него. (Фото: Принтскрин од водео)

    На градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов му се слоши и падна за време на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, попладнево пред партиската палата во центарот на Скопје. Додека Мицкоски одговараше на новинарски прашања, Папазов во еден момент почна да паѓа при што му притрчаа на помош колегите околу него.

    Мицкоски ја прекина прес-конференцијата, на која беа присутни сите нови градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, и по неколку минути кажа дека Папазов е добро.

    Кусо после прес-конференцијата, Мицкоски на својата фејсбук страна објави фотографија со Папазов и потврди дека му е добро и оти „мора да вети дека нема го прескокнува појадокот“.

    Мицкоски кажа дека ако премиерот Зоран Заев утре не ја поднесе оставката во Собранието, тогаш најдоцна до 14.30 часот новото парламентарно мнозинство што го сочинуваат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците и Левица, ќе ја поднесе иницијативата за гласање доверба на владата.  Тој ги повика и останатите пратеници да им се придружат.

    Мицкоски демантираше дека пратеникот од Алијанса за Албанците Скендер Реџепи се пожалил на злоупотреба на неговиот потпис и дека ќе го повлече поради тоа што не знаел дека и Левица ќе биде дел од мнозинството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира