НАЈМНОГУ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО СКОПЈЕ СЕ ОД КАРПОШ, 27 ЛИЦА, ОБЈАВИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    НАЈМНОГУ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО СКОПЈЕ СЕ ОД КАРПОШ, 27 ЛИЦА, ОБЈАВИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕВо изминатите 24 часа, пријавени се вкупно 18 нови случаи на КОВИД-19 од 4 градови. Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Скопје, 11 и тоа: 4 се од Кисела Вода, по две лица 2 од Гази Баба и Центар, и по едно лице од Ѓорче Петров, Сопиште и од Илинден. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Најмногу заболени од коронавирус од скопските општини има во Карпош, 27 лица заклучно до 26 март, стои во статистиката која ја објави Институтот за јавно здравје.  На ниво на општина на територијата на Центарот за јавно здравје Скопје, пријавени се заболени лица во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош. Следат Гази Баба, Центар и Кисела Вода со по 20 заболени.

    Во земјава до денес до 12 часот се регистрирани 219 заболен од коронавирус, од кои 3 лица се излечени, а три починаа.

    Според место на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 10 градови: Скопје (134), Дебар (43), Куманово (17), Штип (8), Прилеп (6), Велес (3), Охрид (3), Кавадарци (2), Тетово (2) и Гостивар (1).

    Картограм 2. Дистрибуција на заболените од KОВИД-19 по општини, Скопје (134) . (Извор: Институт за јавно здравје)

    Во изминатите 24 часа, пријавени се вкупно 18 нови случаи на КОВИД-19 од 4 градови. Најголем број од новопријавените лице се со место на живеење во Скопје, 11 и тоа: 4 се од Кисела Вода, по две лица 2 од Гази Баба и Центар, и по едно лице од Ѓорче Петров, Сопиште и од Илинден.

    Најголем дел од новорегистрираните случаи се на возраст од 30-39 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, по 9 се машки и женски.

    Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај пет лица е регистрирано присуство на коморбидитети, други претходни и придружни болести . Вкупно 11 лица имале контакт со веќе потврден случај на КОВИД-19 во државата. Заклучно до денес на пладне, тестирани се вкупно 369 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје и во приватните лаборатории. Позитивни се 18 или 4,9% од тестираните.

    Во однос на дистрибуцијата по пол, вкупно регистрирани болни се 109 машки и 110 женски лица. Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (медијана – 44 години). Најголем број на заболени се на возраст од 30-39 години – 51 (23,3%) и 50-59 години – 50 (22,8%).

    Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9. недела, а од 11. недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (29) е регистриран на 21 и 24 март 2020.

    Графикон 1. Дистрибуција на заболените од КОВИД-19 според возрасна група, (219). (Извор: Институт за јавно здравје)

    Од пријавените случаи, 48 или 21,9% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а 171 случај се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (67,1%), температура (64,5%), слабост (30,3%), главоболка (26,3%), болка во грло (21,7%) и треска (20,4%), а 67 лица се без изразени симптоми.

    Во однос на коморбидитети, кај 46 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 33 лица имаат кардиоваскуларна болест, 8 лица се со хронична белодробна болест, 5 со дијабет, 4 со хронична бубрежна болест и 7 со други хронични болести.

    Регистриран е 21 случај на заболување меѓу здравствени работници. Од овој број, 14 се заболени во болнички/ амбулантски услови.

    Според исходот од заболувањето, кај 213 лица се активни случаи, три случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 3 смртни случаи.

    Од вкупниот број на случаи, 33 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје).

    Од 15 февруари до 26 март тестирани се вкупно 2.240 материјали (219 позитивни), од кои 1.411 во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и 829 во приватните лаборатории.
    Од позитивните случаи, регистрирани се 822 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена. Од регистрираните, 186 случаи се со локална трансмисија.

    „Проценката на ризик на Светската здравстена органицаија (СЗО) на глобално ниво и на ниво на Европски регион за понатамошно ширење на КОВИД-19 кажува дека ризикот е многу висок“, велат од Институтот.

    • Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
      Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
      Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
      Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

    Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13 март во времетраење од најмалку 30 дена. На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18 март во времетраење од најмалку 30 дена.

    Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: да се забрани движење на населението во временски период од 21:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест КОВИД-19, и дополнително се забранува движење на лицата со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

    Графикон 2. Дистрибуција на заболените од КОВИД-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика, 2020 година (219). (Извор: Институт за јавно здравје)

    Забрането е движење на лицата со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, и се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на земјава, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

    Владата на 27. седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.

    Според последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 26 март, бројката на на потврдени случаи на глобално ниво е 462.684 (49.219 нови), бројката на смртни случаи на глобално ниво – 20.834 (2.401 нови), а бројката на зафатени земји/ територии е 199.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари