Минатата недела направени се 11.605 тестирања, а од нив регистрирани се 902 нови позивитни случаи или 7,8 проценти. Според Институтот за јавно здравје, ваквата бројка покажува тренд на континуирано намалување на новозаболени во однос на претходните недели, кога се движи од 10, 9.4 и 8.6 проценти.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=251; 27,8%) и Куманово (n=125; 13,6%). Во 18 градови во земјата за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.
„Во однос на старосната структура, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И во овој период, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 206 (22,8%) позитивни. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=163; 18,1%) и 50-59 (n=162; 18,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,9%) и 10-19 години (n=49; 5,4%“, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=858; 95,1%), регистрирани се 87 (10,1%) хоспитализирани, а кај 244 (28,4%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови случаи, 303 (35,3%) имале контакт со потврден случај, а 27 лица пријавиле дека патувале во последни 14 дена.
Во споменатиот период по добиени два негативни теста како оздравени се водат 1.067 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 29 лица повеќе споредено со претходната недела.
Регистрирани се 17 смртни случаи од 9 градови, што е намалување од 32,0 проценти во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите биле на возраст над 60 години (n=9; 52,9%). Од починатите, 16 биле хоспитализирани, а еден случај починал во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 11 починати лица.
А. АНТЕВСКА