НЕМА ФИНАЛНО РЕШЕНИЕ, ПРЕГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ВО БРИСЕЛ, РЕЧЕ НИМИЦ ПО СРЕДБАТА СО ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС ВО ЊУЈОРК

    НЕМА ФИНАЛНО РЕШЕНИЕ, ПРЕГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ВО БРИСЕЛ, РЕЧЕ НИМИЦ ПО СРЕДБАТА СО ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС ВО ЊУЈОРКПосредникот Метју Нимиц рече дека „двете страни имаат важни позициии, во прашање се националните интереси, но ја сфаќаат важноста за постигнување на договор и се одлучни да го сторат тоа“. (Фото: ОН)

    Нема финално решение за спорот за името, преговорите ќе продолжат во Брисел, рече посредникот Метју Нимиц, по завршувањето на денашната средба во седиштето на Обединетите нации во Њујорк со министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

    Нимиц во изјавата по завршување на средбата кажа дека изминативе два дена интензивно и посветено работеле за наоѓање решение во спорот за името.

    „Уште немаме финално решение на проблемот, но двете страни се одлучни да постигнат договор и работат напорно на тоа. Двајцата министри ќе одат во Брисел и таму ќе продолжи дијалогот. Двете страни имаат важни позициии, во прашање се националните интереси, но ја сфаќаат важноста за постигнување на договор и се одлучни да го сторат тоа“, рече Нимиц.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира