НЕМА ПРЕЧКА ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ВО СРБИЈА АКО ДОБИЈАТ УРЕДНА ПОТВРДА, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

    НЕМА ПРЕЧКА ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ВО СРБИЈА АКО ДОБИЈАТ УРЕДНА ПОТВРДА, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВОГраѓаните кои се пријавиле за вакцинирање во Србија викендов ќе се вакцинираат масовно во просториите на белградскиот саем. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Нема никаква пречка македонските државјани да се вакцинираат во Србија или која било друга земја ако добијат уредна потврда, велат од Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК, откако голем број граѓани добија термини да ја примат вакцината „АстраЗенека“ викендов во Белград.

    Граѓаните кои преку официјалната страна на Институтот за јавно здравје на Србија се пријавиле за вакцинирање како странски државјани, викендов ќе се вакцинираат масовно во просториите на Белградскиот саем. Наместо во Центрите за јавно здравје во градовите каде што се пријавиле, сите ќе се вакцинираат на едно место во главниот град.

    Покани за вакцинација добиле само оние граѓани кои изразиле интерес да се вакцинираат со која било вакцина, а вакцинацијата ќе се врши само со „АстраЗенека“.

    Од Министерството за здравство не се информирани дека македонски граѓани викендов ќе одат на вакцинација во Србија, но велат дека нема пречка тоа да го сторат.

    „Секој што може да обезбеди вакцина, може да се вакцинира било каде. Не можете никому такво нешто да му забраните, но постои услов да добијат уредна потврда за имунизација, со што тие граѓани во земјава ќе се водат како вакцинирани“, велат од Кабинетот на министерот Венко Филипче.

    Во земјава сè уште не е почната масовната вакцинација на населението ниту пак се знае точен датум кога ќе почне. Досега вакцинирани се само дел од медицинските лица со 8.000 дози од вакцините на „Фајзер“ донација од Србија и  со 3.000 „спутник“ купени од Русија.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира