НЕМА ЗАТВОР ЗА ДЕЈАН МИТРОВСКИ-УРКО КОЈ ПРЕГАЗИ МОМЧЕ, КРИВА БИЛА ЖРТВАТА, ОДЛУЧИЛА СУДИЈКАТА КОЦЕВСКА ОД КРИВИЧНИОТ СУД

    НЕМА ЗАТВОР ЗА ДЕЈАН МИТРОВСКИ-УРКО КОЈ ПРЕГАЗИ МОМЧЕ, КРИВА БИЛА ЖРТВАТА, ОДЛУЧИЛА СУДИЈКАТА КОЦЕВСКА ОД КРИВИЧНИОТ СУДДејан Митровски -Урко, вработен во Шестата управа на МВР и поранешен шеф на обезбедувањето на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, добил само условна пресуда за судирот во кој на 27 јули лани почина 22-годишниот Стојанчо Андонов кај Стара рампа во Скопје (Фото: СДК.МК)

     

    За директниот судир во кој на 27 јули лани почина 22-годишниот Стојанчо Андонов на булеварот Борис Трајковски во Скопје, обвинетиот Дејан Митровски – Урко, вработен во Шестата управа на МВР и поранешен шеф на обезбедувањето на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, добил само условна пресуда. Пресудата на 20 јуни годинава ја донела судијката од Основниот суд Скопје 1 Биљана Коцевска.

    Судијката Коцевска врз база на вештачењето утврдила дека за страотната сообраќајка во која Митровски со автомобил „бе-ем-ве“ го удри и го усмрти момчето, била виновна жртвата.

    „Ве информираме дека против лицето за кое се интересирате, опфатено со предметот К.бр. 804/17 кај судија Биљана Коцевска, на 20.06.2017 година донесена е пресуда врз основа на признание на вина на обвинетиот, каде вештачењето утврдило дека моторциклот се движел со 94,6 км на час, немал вградено предно светло. Оштетените пред судот се произнеле дека не бараат оштета и не се приклучуваат кон кривичниот прогон, со што обвинетиот за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на лицата и имотот во сообраќајот од член 300 ст.4 в.в со член 279 ст.3 в.в ст.1 од КЗ, е огласен за виновен. Судијата му определил условна осуда, односно две години казна затвор, која казна нема да се реализира ако во следните 5 години обвинетиот не стори ново кривично дело“, се вели во писмената изјава од Основниот суд Скопје 1 за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Момчето од моментот на судирот со Митровски, пет дена се бореше за живот. Почина лани на 1 август. Сообраќајката се случи кај Стара рампа во Кисела Вода. Според тогашните информации, Митровски направил прекршок, поминувајќи две полни ленти во моментот кога го удрил мотоциклистот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира