НИКАДЕ ВО СВЕТ ДОДЕКА ВРНЕ СНЕГ ПАТИШТАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЧИСТИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ГАЈУР КАДРИУ

    НИКАДЕ ВО СВЕТ ДОДЕКА ВРНЕ СНЕГ ПАТИШТАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЧИСТИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ГАЈУР КАДРИУДиректорот на „Македонија пат“ Гајур Кадриу вели не е точно дека патиштата не се чистат, 170 камиони се на терен а на новиот автопат „Пријателство“ нон стоп вртат 4 камиони;- Автопатот „Пријателство“ денеска околу 15 часот (Фото: СДК.МК)

    Попладнево речиси сите патни правци низ земјава се со снежни наноси. На автопатот „Пријателство“ никаде немаше камионите кои фрлаат песок. Од Гевгелија до втората наплатна рампа кај Велес во двата правци не видовме да помине ниту едно возила за чистење на патот.

    Директорот на ЈП „Македонија пат“ Гајур Кадриу веи дека е нормално да има снег на патиштата кога постојано врне, и дека никаде во свет нема да видите чист автопат додека траат врнежите. Но, доколку два-три часа откако ќе престане да врне, патиштата се со снег, тогаш значи не се работи, вели тој .

    Кадриу вели не е точно дека не се фрла песок, односно дека во моментов 170 камиони се на терен а на автопатот „Пријателство“ нон-стоп вртат 4 камиони.

    „Можеби не сте ги виделе оти автопатот има една мана. Кога го проектирале не направиле пунктови за одржување на патот. Па сега нашите екипи мораат да се исклучуваат од автопатот за да дојдат до пунктовите да земат сол. Затоа во тој момент кога сте минувале не сте виделе камиони. Се чисти, кога врне снег патот треба да е прооден, а не да нема воопшто снег. Тоа го нема никаде, во ниту една земја. Треба граѓаните да се добри шофери, да имаат добри гуми и опрема и нема да имаат проблем. Еве јас сега возам накај Тетово со 100 километри на час оти е чист автопатот“, ни кажа директорот Кадриу.

    Од „Македонија пат“ велат дека забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-Попова Шапка каде за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира