НОВИ РЕСТРИКЦИИ НЕМА, ОСТАНУВА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД 22 ДО 5 ЧАСОТ ДО 6 АПРИЛ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    НОВИ РЕСТРИКЦИИ НЕМА, ОСТАНУВА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД 22 ДО 5 ЧАСОТ ДО 6 АПРИЛ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАОдлука е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести.(Фото: К. Попов)

    Владата на денешната седница одлучи да не се носат нови рестрикции за спречување на ширењето на ковид-19 и на сила да останат само сегашните мерки. Со тоа, до 6 април е продолжен полицискиот час на територијата на цела држава од 5 до 22 часот.

    Како што се вели во владиното соопштение, ваквата одлука е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести.

    Отстапки од забраната ќе има за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа. За слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи.

    Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници.

    За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат за време на забраната за движење како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира