ОБСЕ БАРА ЗАКОНСКИ МЕРКИ ЗА НЕКРОЛОЗИТЕ ЗА АМБАСАДОРИТЕ ПО ГОВОРОТ НА ГРУЕВСКИ НА 17 ДЕКЕМВРИ ПРЕД ДИК

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Варшава,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОБСЕ БАРА ЗАКОНСКИ МЕРКИ ЗА НЕКРОЛОЗИТЕ ЗА АМБАСАДОРИТЕ ПО ГОВОРОТ НА ГРУЕВСКИ НА 17 ДЕКЕМВРИ ПРЕД ДИК

    Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР  за парламентарните избори во Македонија на 11 декември, во извештајот што попладнево беше објавен во Варшава забележува дека не е познато дали се превзвемени законски мерки за заканите кон амбасадорите, по прогласот на ВМРО-ДПМНЕ што го прочита лидерот Никола Груевски на протестот пред Државната изборна комисија (ДИК) на 17 декември.

    „Постизборниот период беше одбележан со тензична атмосфера и остра реторика главно од ВМРО-ДПМНЕ. Откако БЕСА и СДСМ доставија приговори за нерегуларности на неколку избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ повика на протести пред седиштет на Државната изборна комисија (ДИК). На 17 декември, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред насобраните луѓе го претстави партискиот проглас и ја обвини ДИК и неколку амбасадори за мешање во изборите. Следниот ден, се појавија некролози на сегашни и поранешни претставници на меѓународната дипломатска заедница во Скопје. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР не е запозната дали биле превземани било какви законски мерки против овие дејства“, се вели во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР.

    Во извешатајот се препорачува како приоритет за властите и политичките партии да превземат порешителени чекори со кои ќе се осигура да нема притисоци врз вработените во јавниот сектор, политичките активисти и други за да присуствуваат на настани од кампањите или да гласаат на особен начин. „Исто така, секоја инстанца или обвинение за притисок и заплашување треба навремено целосно и ефикасно да биде истражена и казнета“ се вели во извештајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира