ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ИСПИТУВА ДАЛИ СТИРОПОРНАТА ФАСАДА НА МЕПСО НАВИСТИНА ЧИНИ 11 МИЛИОНИ ЕВРА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ИСПИТУВА ДАЛИ СТИРОПОРНАТА ФАСАДА НА МЕПСО НАВИСТИНА ЧИНИ 11 МИЛИОНИ ЕВРАОбвинителството ќе испитува дали квалитетот на градбата соодветствува со барањата содржани во јавната набавка, како и за текот на надзорот при спроведување на изведбата на фасадата што беше дел од „Скопје 2014“. (Фото: К. Попов)

    Јавното обвинителство ќе испитува зошто дошло до паѓање на стиропорната фасада на зградата на МЕПСО и дали таа навистина чини 11 милиони евра, по вчерашното невреме во Скопје. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција по вчерашните написи во медиумите за одлетаната барокона фасада која беше поставена како дел од проектот „Скопје 2014“, денеска отворија предмет по допрен глас.

    Предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој издал наредба до Министерството за внатрешни работи за обезбедување и вештачење на севкупната документација за проектот за реконструкција и адаптација на зградата.

    „Обвинителството ќе испитува дали квалитетот на градбата соодветствува со барањата содржани во јавната набавка, како и за текот на надзорот при спроведување на изведбата. По добивањето и анализа на вештачењето, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, се вели во соопштението од Обвинителството.

    Изведувач на градежните работи за реконструкција на зградата и поставување енергетско-ефикасна фасада е фирмата „Бетон Штип“ која сега е во стечај. За овој проект „Бетон Штип“ доби околу 11 милиони евра.

    Вчера директорката на МЕПСО Ева Шуклева кажа дека „Бетон Штип“ не завршил и други обрвски за реконструкцијата, поради што активирана е банкарската гаранција пред фирмата да оди во стечај.

    Откако ветерот ја однесе фасата од едната страна за зградата сега МЕПСО ќе го ангажира Градежниот институт на Македонија да прави анализа дали треба да се менува целата фасада во стилот на „Скопје 2014“ на деловната зграда.

    А. АНТЕВСКА

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари