ОЧЕКУВАМ ДЕКА ГОСПОДИНОТ ГРУЕВСКИ НЕМА ДА СИ ДОЗВОЛИ ДА ИМА ПОТРАГИ ПО НЕГО, БАРЕМ ТАКА ЗБОРУВАШЕ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ОЧЕКУВАМ ДЕКА ГОСПОДИНОТ ГРУЕВСКИ НЕМА ДА СИ ДОЗВОЛИ ДА ИМА ПОТРАГИ ПО НЕГО, БАРЕМ ТАКА ЗБОРУВАШЕ, РЕЧЕ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев рече дека нема сознанија за акцијата на Министерството за внатарешни работи во која се бара Груевски. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Зоран Заев не верува дека осудениот Никола Груевски е во бегство. Гостувајќи вечерва на дебата на националниот сервис МТВ за буџетот за 2019 година, на прашањето дали има сознанија за акцијата на Министерството за внатарешни работи (МВР) во која се бара Груевски, одговори дека тој нема никакви информации.

    „За акцијата немам сознанија, заради тоа што знам дека МВР од судот добило налог да распише потерница поради неможност да се најде осудено лице да му се даде упатен акт за отслужување на казна затвор. Јас очекувам дека господинот Груевски нема да си дозволи да има потраги по него или слично. Тоа е нормално, барем така тој зборуваше. Останатите инфомации ќе треба да ги барате од министерот Оливер Спасовски“, рече Заев.

    Полицијата вечерва го бара осудениот Никола Груевски откако доби известување од Основниот суд Скопје 1 дека судски доставувач не може да го пронајде да му врачи решение веднаш да се упати во затвор.

    Полицајци, а со нив и новинарски екипи, првин го побараа на адресата од лична карта, но никој не им ја отвори вратата од станот. Од таму полицијата замина да го бара во седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

    Оној момент кога ќе го најде, МВР присилно ќе го спроведе во затворот Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

    На сајтот на МВР е објавена национална потерница по пратеникот Груевски, за кој до петокот, како за бивш премиер беа ангажирани шест професионалци од МВР како телохранители.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари