OЧЕКУВАМ ПРОГРЕСИВНА ОДЛУКА ОД ГРАЃАНИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, РЕЧЕ ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО РОМАНСКАТА ПРЕМИЕРКА ВИОРИКА ДАНЧИЛА

    OЧЕКУВАМ ПРОГРЕСИВНА ОДЛУКА ОД ГРАЃАНИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, РЕЧЕ ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО РОМАНСКАТА ПРЕМИЕРКА ВИОРИКА ДАНЧИЛА„Во јануари 2019 година Романија го презема претседавањето со ЕУ и можете на сметате на нашата поддршка од технички аспект“, рече романската премиерка Виорика Данчила на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Очекувам успешен референдум и уште една зрела, мудра и прогресивна одлука на мнозинството граѓани, рече премиерот Зоран Заев по средбата со романската премиерка Виорика Данчила, која денеска е во посета на Македонија.

    „Секоја земја пријател што ни помага на европскиот пат прави добро дело за граѓаните на Македонија. Овозможува економски развој на нашата земја од сиромаштијата во која тонеше, отвора перспективи за повисок стандард, за повисоки плати. Значајна е оваа средба оти Романија во 2019 година ќе претседава со ЕУ, во клучните месеци за Македонија. Тоа се месеците кога треба да ги завршиме реформите и да го заокружиме договорот со Грција. Очекувам успешен референдум и уште една зрела, мудра прогресивна одлука на големо мнозинство на наши граѓани која ќе го потврди патот кон ЕУ и НАТО“, рече Заев.

    Романската премиерка Виорика Данчила на заедничката прес-конференција кажа дека се надева на успешен референдум, кој ќе го отвори европскиот пат на Македонија.

    „Во јануари 2019 година Романија го презема претседавањето со ЕУ и можете на сметате на нашата поддршка од технички аспект. Го поканив премиерот Заев и министрите да дојдат во официјална посета, за да договориме соработка во повеќе области како што е земјоделието, туризмот, образованието и културата“, рече премиерката Данчила.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари