ОД ЈАНУАРИ 2022 ТРИ ПАТИ ПОВИСОК ЌЕ БИДЕ ДАНОКОТ НА ИМОТ ЗА СТАН ИЛИ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР КОЈ НЕ СЕ КОРИСТИ

    ОД ЈАНУАРИ 2022 ТРИ ПАТИ ПОВИСОК ЌЕ БИДЕ ДАНОКОТ НА ИМОТ ЗА СТАН ИЛИ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР КОЈ НЕ СЕ КОРИСТИАко не се пријави дека одреден имот не се користи, се плаќа за пет пати повисок данок. (Фото: К. Попов)

    Три пати повисок данок ќе се плаќа за втор стан или деловен простор и државен имот кој не се користи. Владата на денешната седница го усвои Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, по редовна постапка, кој се предвидува да важи од 1 јануари 2022 година.

    Со измените се предвидува имотот сопственост на државата, на Општините и Град Скопје, како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапките пропишана со законот. Оние кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишаниот.

    „Овој закон се носи со цел да се обезбеди прогресивно, праведно оданочување. Предлог-законот позитивно ќе влијание врз буџетот на единиците на локалната самоуправа“, велат од Владата.

    Зголемување на данокот за имот што не се користи премиерот Зоран Заев го најави пред дваесетина дена во интервју за Дојче веле.

    „Три пати повисок данок на имот за сите што имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, сѐ што не е искористено, пред сѐ од државата. На пример, имаме неискористени детски одморалишта. Во таков случај, државата ќе плаќа трипати повисок данок на Општината во којашто се тие. Ако не, нека го продаде или нека го изнајми и нека го стави во функција“, рече Заев во интервјуто.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира