ОД КИНА ОЧЕКУВАМЕ 200 РЕСПИРАТОРИ, ВО ТЕК Е НАБАВКА НА 50, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ

    ОД КИНА ОЧЕКУВАМЕ 200 РЕСПИРАТОРИ, ВО ТЕК Е НАБАВКА НА 50, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕВо моментов имаме 120 респираторни машини, а плус 70 респиратори се ставени на располагање од приватните болници. (Фото: К.Попов)

    Двеста респиратори се очекува да бидат донирани од Кина, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

    „Во тек е набавка на 50 респиратори, кои очекуваме да стигнат до крајот на оваа недела со можност да добиеме плус 50. Во моментов имаме 120 респираторни машини, од кои 90 се во Скопје, а останатите во другите градови“, рече Филипче.

    Седумдесет респираторни машини се ставени на располагање и од приватните болници.

    Во моментов само една пациентка заболена од коронавирусот е приклучена на машина за дишење. Тоа е пациентката од Дебар, која се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира