ОД ПРВИ ЈУЛИ СТРУЈАТА ЌЕ ПОЕВТИНИ ЗА 0,1 ОТСТО, ОДЛУЧИ РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА

    ОД ПРВИ ЈУЛИ СТРУЈАТА ЌЕ ПОЕВТИНИ ЗА 0,1 ОТСТО, ОДЛУЧИ РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈАОдлуката за новата цена беше донесена на денешната седница на Регулаторната комисија, а ќе важи од 1 јули.- Претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски и новите членови. (Фото: СДК.МК)

    Струјата ќе поевтини за 0,1 отсто, кажа денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

    Одлуката за новата цена беше донесена на денешната седница на Регулаторната комисија, а ќе важи од 1 јули.

    „Цената на ЕЛЕМ за производство се намалува за 3,39 проценти, на МЕПСО за дистрибуција се намалува за 5,34 проценти, додека на ЕВН за дистрибуција се зголемува за 2,59 проценти“, рече Бислимовски.

    Претходно ЕВН и ЕЛЕМ од Регулаторната комисија побараа зголемување на цената на струјата, а МЕПСО не побара ниту зголемување ниту намалување. ЕВН побара зголемување од 9 отсто, а ЕЛЕМ од 1,5 отсто.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира