ОД ПОЛНОЌ НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС, СЕ ДОЗВОЛУВААТ НАСТАНИ НА ОТВОРЕНО СО 1.000 ПОСЕТИТЕЛИ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    ОД ПОЛНОЌ НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС, СЕ ДОЗВОЛУВААТ НАСТАНИ НА ОТВОРЕНО СО 1.000 ПОСЕТИТЕЛИ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАСе дозволуваат свадби со 50 отсто гости од капацитетот на објектот. (Фото. СДК.МК)

    Од ноќва на полноќ во земјава ќе нема полициски час, а се дозволува и одржување настани на отворено со максимум 1.000 посетители. Владата на денешната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе следните одлуки, кои важат од среда, 16 јуни.

    • Од вечерва на полноќ престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Македонија.
    • Се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите.
    • Се дозволува одржување настани на отворено со 50 отсто од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители.
    • Дозволено е организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше досега.
    • Донесен е заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

    Нема починати од ковид-19 во последните 24 часа, а од 2.887 тестирања регистрирани се 28 нови случаи. Вкупно ковид дијагностицирани досега се 155.568, од кои оздравени се 149.676, починаа 5.472, а активни се 420 болни.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира