ОГЛЕДАЛА ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ, БОЈА ЗА ЛАВОВИТЕ, ДЕНЕСКА НЕМА ПРОТЕСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОГЛЕДАЛА ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ, БОЈА ЗА ЛАВОВИТЕ, ДЕНЕСКА НЕМА ПРОТЕСТ

    Граѓанската организација „Протестирам“ на својот Фејсбук профил најави дека денеска нема да организира протест во Скопје. „Наместо утре, со протести продолжуваме во понеделник во 18 часот – побројни, покоординирани и со нови сили и енергија“, стои во најавата на „Протестирам“.

    Демонстрантите на антивладините протести во Скопје вчера стоеја со огледала пред полицајците. Граѓанките и граѓаните што беа во првиот ред пред полициската барикада на мостот „Гоце Делчев“ извадија огледала и ги поставија пред лицата на специјалците кои не им дозволуваа да го продолжат маршот кон Уставниот суд.

    Огледалата се новиот реквизит на Шарената револуција. Претходните денови, на протестите во Скопје и Битола, полицајците беа боени од балоните со боја кои демонстрантите ги фрлаа врз зградите кои тие ги бранеа. Вчеравечер, во Скопје беа обоени само спомениците на лавовите од десната страна на Вардар, во близина на зградата на Владата. Тие споменици пред неколку години беа предвесник на проектот „Скопје 2014“, за кој од буџетски пари се потрошени повеќе од 600 милиони евра.

    sarena revolucija 19

    Специјалците се распоредуваат покрај обоениот споменик на мостот Гоце Делчев, во близина на Владата во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Власта за да ги одбрани барокните фасади од проектот „Скопје 2014“,врз зградите става џиновски државни знамиња. Вчера зградата на Археолошкиот музеј каде што е сместен и Уставниот суд беше покриена со три големи знамиња. На ист начин, од боење и испишување графити од четвртокот, кога се одржуваше провладниот протест на невладиното здружение ГДОМ, се штитеше и Порта Македонија. И врз неа беше закачено да виси големо државно знаме.

    Шарената револуција почна со боењето на новите барокни фасади на неколку објекти во Скопје, како и новите споменици од проектот „Скопје 2014“. Обоена беше и зградата на Министерството за култура кое формално беше носител на проектот и најголем трошаџија на народните пари за зградите, фасадите и спомениците низ центарот на главниот град.

    Во петокот вечерта пред зградата на Агенцијата за медиуми, девојки им лепеа срца на штитовите на полицајците кои ја бранеа фасадата од балоните со боја (Фото:СДК.МК)

    Во петокот вечерта пред зградата на Агенцијата за медиуми, девојки им лепеа срца на штитовите на полицајците кои ја бранеа фасадата од балоните со боја (Фото:СДК.МК)

    Вчерашниот протест помина многу мирно отколку претходните денови. Протестот вообичаено почна во 18 часот пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство. Маршот требаше да продолжи кон Уставниот суд. Откако полицијата не им дозволи на граѓаните да поминат преку Вардар, тие останаа уште извесно време пред Владата и се разотидоа околу 20 часот.

    Забележливо беше дека вчера немаше голем дел од раководството и од активистите на најголемата опозициска партија СДСМ. Од партијата вчера за СДК.МК изјавија дека ја почитуваат работата на граѓанските активисти и го разбираат нивното инсистирање да работат колективно, а не со поединечен лидер. Токму затоа и ќе продолжат да ја поддржуваат „Шарената револуција„ која покажува дека мора да се случи обединувањето на сите сили во општеството, без разлика на партиска, верска или национална припадност, само за да падне Груевски.

    Чувари на покривот на Археолошкиот музеј во Скопје (Фото:СДК.МК)

    Чувари на покривот на Археолошкиот музеј во Скопје каде што е сместен и Уставниот суд (Фото:СДК.МК)

    Демонстрантите веќе дванаесет дена бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    И Соединетите Американски Држави во петокот вечерта, преку Стејт департментот повторно побараа од претседателот Ѓорге Иванов да ја повлече аболицијата затоа што таа предизвикува загриженот за неможност за организирање веродостојн избори.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари