ПЕТКА ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ПРЕД УСТАВЕН СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПЕТКА ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ПРЕД УСТАВЕН СУД

    Шарената револуција продолжи со одбројувањето и со долближувањето до Уставниот суд. Вчера одбројуваа на мостот „Око“, а денес на плочникот пред влезот на Уставен суд напишаа голема петка со порака „СЈО е уставно“.

    Со петката шарените потсетуваат дека остануваат уште пет дена за исполнување на две од нивните барања – произнесување на Уставниот суд по уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), затоа што правдата и борбата против криминалот се уставни категории и не смеат повеќе да бидат под закана и запирање на прогонот врз демонстрантите, што вклучува ослободување на сите приведени кои учествуваа во протестите од 12 април наваму, повлекување на пријавите од МВР за сите останати демонстранти и престанок на сите форми на притисок врз слободните граѓани кои го искажуваат својот револт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари