ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ПОТРОШЕНИ ЗА ПРОПАДНАТИТЕ ИЗБОРИ НА ТРОЈЦА ПРАТЕНИЦИ ОД ДИЈАСПОРАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ПОТРОШЕНИ ЗА ПРОПАДНАТИТЕ ИЗБОРИ НА ТРОЈЦА ПРАТЕНИЦИ ОД ДИЈАСПОРАТА

    Државната изборна комисија потрошила половина милион евра за организирање на изборот на тројца пратеници од дијаспората, кој пропадна. Не беше избран ниту еден пратеник, поради тоа што ниеден од кандидатите не доби цензус од гласовите пропишан во Изборниот законик.

    За изборите во дијаспората, лани неколку дена пред 11 декември отпатуваа 320 луѓе од администрацијата, членови и претседатели на избирачки одбори. Само за авионски карти и хотелски престој и такси превоз од аеродром, ДИК за нив потрошила 300.000 евра. Тука не се влезени дневниците што им следуваат, но според грубите пресметки, со дневниците сумата е над 440.000 евра.

    Со државни пари биле плаќани и трошоците на уште 110 пријавени набљудувачи од партиите. ДИК им плаќа само внатрешен трансфер (превоз од местото на живеење до избирачкото место во дијаспората), и тие не се книжени.

    Со овие трошоци, сумата доаѓа до половина милион евра, велат во ДИК за САКАМДАКАЖАМ.МК .

    Деканот на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје Борче Давитковски се чуди како можело да се истрошат толку пари за пропаднати избори во странство, односно, за избори за кои се знаеше дека се промашени со оглед на тоа што во 2011 и во 2014 година таму се стануваше едвај со 500-600 гласа од македонски граѓани во дијаспората.

    “Изборот на пратениците од дијаспората да се укине и да остане само изборот на пратеници на територијата на Република Македонија. Волкави трошоци за избори што ќе пропаднат, буџетот на Македонија повеќе не смее да си дозволи“, вели Деканот на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје Борче Давитковски

    “Изборот на пратениците од дијаспората да се укине и да остане само изборот на пратеници на територијата на Република Македонија. Волкави трошоци за избори што ќе пропаднат, буџетот на Македонија повеќе не смее да си дозволи“, вели Деканот на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје Борче Давитковски

    “Не е крива ДИК, системска е грешката.  Кога се виде во 2011 и во 2014 година дека мандат се добива само со 500-600 гласови, требаше да се воведе електронско гласање. А не сега вака, тројца се пријавиле за гласање во дијаспората, 10 души од ДИК одат за нив. Хрватите гласаат во странство, ама Хрватска има силна дијаспора. Нашиве по пола долар донираат кога треба да се соберат пари за Македонија. Ние, всушност, не сме спремни за избор на пратеници од дијаспората. Кога ќе бидеме спремни, кога ќе може без фалсификат и измама електронски да гласа нашата дијаспора, тогаш треба да се спроведе избор на пратеници од дијаспората. До тогаш, кој сака да гласа, нека повели, нека си дојде во Македонија на денот на гласањето и нека си гласа“, вели Давитковски.

    Тој сугерира  штом ќе проработи Парламентот, да се покрене иницијатива за измена на Изборниот законик и изборот на пратеници  да се врати по старо.

    “Изборот на пратениците од дијаспората да се укине и да остане само изборот на пратеници на територијата на  Република Македонија. Волкави трошоци за избори што ќе пропаднат, буџетот на Македонија повеќе не смее да си дозволи“, вели Давитковски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира